УХМР

Утрово најстудено во Маврово, -9 степени

Минусни температури изутринава се забележани речиси на територијата на целата земја, а најниската температура е измерена во Маврово – 9 Целзиусови степени и во Берово и Крива Паланка – 8 степени.  Во Крушево температурата била -7 степени, во Прилеп, Винициа и Куманово -5, во и во Штип -4, во Тетово, Скопје-Петровец -3, Скопје-Зајчев Рид, Струмица и Дебар -2, во Демир Капија и Дојран -1, во Гевгелија еден, во Охрид нула и во Претор два степени.

Најмногу снег има на Попова Шапка 40 сантиметри, каде утрово повторно паѓаше ситен снег.

Дожд имаше и во повеќе делови од земјата, а најмногу наврнал во Пожаране и Охрид 12 литри на метар квадратен.

Вдолж Повардарието ноќеска и утрово дува засилен ветер од северозападен правец, на места со брзина над 50 км/час, а во источните делови е претежно ведро.

Времето денеска ќе биде сончево и студено, со мала, а во западните делови умерена облачност. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен ветер од северозападен правец, особено претпладне. Максималната температура ќе достигне од -2 до 6 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево и студено со мала, а попладне умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до три степени. 

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе