УХМР

Утрово најстудено во Берово, -19 степени, Битола -15, Маврово -13...

Температури под нулата се измерени утринава низ целата држава. Најстуден град е Берово со -19 Целзиусови степени.

Според Управата за хидрометеоролошки работи, во Битола и Демир Капија се измерени -15 степени, во Крива Паланка и Струмица -14, во Штип и Маврово -13, во Крушево -12, во Петровец кај Скопје и во Охрид -11, во Претор -10, Тетово -9, Прилеп, Куманово и Виница -8, во Дебар -7, Скопје и Дојран -6 и во Гевгелија се измерени -5 степени.

Најмногу снег има на Попова Шапка каде висината на снежната покривка е 55 сантиметри, во Маврово е 40 сантиметри, а два сантиметри помалку снег има во Крушево. Снег има и во останатите градови низ државата.

За денеска, синоптичарите најавуваат сончево и студено време со умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од -5 до 0 степени. 

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе