Стегнала зимата

Утрово најстудени места беа Скопје, Битола, Берово и Маврови Анови со минус 6 степени

Најстудено утрово во 7 часот беше во Скопје (Скопје-Петровец и Скопје-Зајчев Рид), во Битола, Берово и во Маврови Анови каде се измерени минус 6 степени Целзиусови, а најтопло беше во Дојран со температура од плус 6 и Гевгелија со измерени 8 степени. Времето е ведро и студено, со слаб ветер од западен правец во штипскиот регион, а појава на магла имаше во Дебар. Најмногу снег има на Попова Шапка, каде се измерени 37 сантиметри, а снежна покривка од 15 сантиметри има во Маврови Анови и од 11 сантиметри во Крушево.

Времето денеска ќе биде сончево, студено и ветровито. Претежно во северните делови ќе има мала до умерена облачност. Вдолж Повардарието ќе дува повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне од 5 до 13 степени. Во Скопје ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец кој во делови од котлината краткотрајно ќе засилува. Максималната температура ќе достигне до 9 степени.

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе