УХМР

Утрово магла по котлините, во Берово -10 степени

Во битолско, демиркаписко и струмичко утринава има магла. Утринските температури, според мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи, се под нулата освен во Скопје, Охрид и Претор.

Најстудено е во Берово каде се измерени -10 Целзиусови степени. Во Битола утринава температурата е  -6, во Струмица -5, во Петровец кај Скопје -4, во Тетово, Демир Капија и Маврово -3 и во Штип, Прилеп, Гевгелија и Крива Паланка -2 степена. Нула степени утринава се измерени на Зајчев Рид кај Скопје и во Охрид и Претор.

За денеска синоптичарите најавуваат сончево и ведро време со мала до умерена локална облачност. Веќе од попладне ќе почне да дува умерен, а вдолж Повардарието и засилен северен ветер по што во текот на ноќта облачноста од север ќе се зголемува. 

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе