Време

Утринските температури и под нулата, во текот на денот сончево до 17 степени

Денеска времето во Македонија ќе биде претежно ведро, сончево со ниски утрински температури. На повеќе места утринските температури ќе бидат под нулата и ќе има услови за слаба магла по одделни котлини.

Во текот на денот ќе биде сончево и ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се движи во интервал од -4 до 3, а максималната од 13 до 17 Целзиусови степени.
Во Скопје, наутро студено со услови за слаба утринска магла, а во текот на денот претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 14 степени. Маврово 10, Охрид 14, Битола 13, Крива Паланка и Берово 14, Кавадарци 16, Дојран 17 степени.
И утре ќе се задржи претежно ведро време со ниски утрински температури, кои на повеќе места ќе бидат некој степен под нулата. Од четврток облачноста ќе се зголеми и во следните денови ќе преовладува умерено, на места значително облачно време со постепен пораст, особено на утринските температури. По одделни котлини ќе има услови за утринска магла.
 

Дали и колку градовите им служат на интересите на своите граѓани (демократија) или на елитите кај кои се концентрира капиталот (авторитарност)?

повеќе

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе