Утре

Топло време со температури до 23 степени

Времето утре ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Претпладне вдолж Повардарието ќе има значителна ниска облачност, која попладне ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец, информираат од УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 12, а максималната ќе достигне од 17 до 23 степени.

Во Скопје претпладне ќе има слаба магла и ниска облачност, а попладне сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 20 степени.

Во следните денови ќе се задржи стабилно и релативно топло време. Во претпладневните часови, особено вдолж Повардарието ќе има појава на магла или значителна ниска облачност.

Од вторник ќе дува умерен северозападен ветер, што ќе предизвика опаѓање на температурите

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе