Во Скопје, сончево со мала, а попладне умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 14 степени. Маврово 11, Охрид 13, Битола 14, Крива Паланка 13, Берово 12, Кавадарци 15, Дојран 18.
До вторник ќе се задржи стабилно и релативно топло време. Во среда попладне и во четврток претпладне под влијание на влажен и студен бран ќе има локални врнежи од дожд и снег, засилен северен ветер и значително опаѓање на температурата.