Утре пред Собрание нов протест против аерозагадувањето

Се надеваме дека ќе имаме поддршка од сите граѓани, еколози и експерти на утрешниот протест што ќе се одржи пред Собранието во 13:00 часот, изјави на денешната прес-конференција Кристијан Узунов од Граѓанската иницијатива „Канцерогено општество".

„Свеста на народот се буди. Тоа е многу добро. Се надеваме на заедничка соработка и на масовност за да успееме во нашите барања во конкретни барања. Се надеваме на поголема масовност, на поголема поддршка со која јасно ќе им даде до знаење кои се нашите следни чекори и доколку останат неми и глуви на нашите барања ќе почнеме со порадикални мерки. Даваме поддршка на денешната блокада-  малиот протест што ќе трае 15 минути пред Дрисла“, нагласи Узунов.

Узунов упати прашање до заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули што сработил изминатата недела, односно од нивниот претходен протест, каде што поставиле јасни барања да се свика идна владина седница за загадувањето на воздухот.

„Ако може, додека децата се гушат, додека сите ние се гушиме, тој во текот на денешниот ден да даде отчет што сработил. Да си ги напише забелешките што треба да ги среди и до крајот на денот да изјави пред камери што тој направил за ние да дишеме почист воздух. Мислам дека има обврска да го стори тоа и да видиме реално, додека ние бараме, додека протестираме, дали владата се ангажира да го реши овој проблем“, запраша Узунов.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе