Временска прогноза

Утре повремено облачно, попладне снег

Во западните делови од земјата утре попладне може да се очекува снег, а во пониските места дожд или снег, вечерта ќе заврне снег и во источните делови, а во вторник поплдне врнежите се прогнозира да престанат. Нови врнежи се можни од четврток.

„Времето утре ќе биде променливо облачно, во западните делови на планините и на повисоките места со повремен снег, а во пониските од дожд и снег. По одделни котлини ќе има појава на слаба утринска магла. Кон крајот на денот и во источните делови ќе има повремен слаб снег. Ќе дува слаб до умерен, вдолж Повардарието повремено засилен северозападен ветер, информираат од УХМР.  Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до 0, а максималната ќе достигне од 4 до 12 степени“, соопшти УХМР.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, во утринските часови со слаба магла, а подоцна ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 6 степени.

Во вторник претпладне ќе има услови за провејување на снег, а во текот на денот облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Во следните два дена времето ќе биде стабилно, а нови врнежи од дожд и снег се очекуваат во четврток кон крајот на денот и во петок.

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе