Влада

Усвоен протоколот за работа на игротеките

Владата денеска го усвои протоколот за работа на игротеките во услови на епидемијата и препорача строго почитување на мерките за заштита од пандемијата, но и на протоколот при вршење на дејноста.

„На денешната седница усвоен е протокол за работа на игротеките во услови на епидемија со ковид-19 и се препорачува строго почитување на мерките за спречување на ширење на ковид-19 инфекцијата и усвоениот протокол при вршење на дејноста“, информираат од владината прес-служба.

Одговорноста за целосно спроведување на одредбите од протоколот, како што информираат оттаму, е обврска на вршителите на дејноста.

Владата денеска го усвои и извештајот на Комисијата за давање согласности за организирање настава со физичко присуство во училиштата за барањата на основачите доставени во периодот од 25 септември до 29 септември годинава.

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе