УХМР

Уште утре топло, од сабота постудено

Под влијание на јужно струење и топла воздушна маса и утре времето ќе биде топло со дневни температури над просекот за овој период од годината и на целата територија ќе биде активно жолто ниво на опасност од високи температури.

Утре кон крајот на денот и во сабота ќе има промена на времето кога ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информираат од УХМР.

Во недела ќе дува силен северен ветер кој ќе услови пад на дневните температури, а од понеделник ќе има позначително опаѓање и на утринските и на дневните температури.

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе