Уште трае гаснењето на пожарот кај Косел (ФОТО)

Специјални авиони учествуваат во гаснење на пожарот кај селата Опеница и Косел, на територијата на општина Охрид.

Гори голема површина на борова шума кај месноста Јасика.

Кризниот штаб на општина Охрид веќе утврди мерки и понатамошни чекори кои се преземат со цел што поскоро да се совлада огнената стихија.

Пожарот меѓу селата Косел и Опеница избувна вчера попладне. Пожарникарските екипи веднаш излегоа на терен, но станува збор за непристапен терен.

Синоќа во Охрид силно се чувствуваше мирис од чадот од пожарот.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе