Уште едно лице е приведено за предизвикување пожар

К.С. од село Лева Река, Ресенско, денеска е приведен од битолската полиција поради сомневање дека го предизвикал пожарот во Лева Река, во кој беше опожарена нискостеблеста шума, а попладнево е ставен под контрола. Се работи на расчистување на случајот, соопшти МВР.

Вчера полицајци од Галате го приведоа Л.А. (32) од Албанија, со илегален престој во државата, поради сомневање дека подметнал пожар над гостиварското село Пожаране. Полицијата во координација со јавен обвинител постапува и во врска со осомниченото лице за пожарот во Старо Нагоричане и двете осомничени лица за пожарот кој на 3 август беше пријавен пред селото Блаце кон Катланово.
 

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе