Време

Уште денеска сонце, од утре дожд, северен ветер, снег на планините...

Времето во Македонија ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

Во Скопје дневната температура ќе достигне до 22 Целзиусови степени, Маврово 15, Охрид 17, Битола и Крива Паланка 20, Кавадарци 23, Берово 18, Дојран 23.

Од утре временските прилики ќе се променат. В недела нашето подрачје ќе потпадне под влијание на влажен бран што ќе предизвика наоблачување, попладне со врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни. Кон крајот на денот ќе почне да дува умерен до засилен северен ветер што ќе услови значително заладување и врнежи од снег на планините и на повисоките места каде ќе се формира снежна покривка.

Во понеделник и вторник времето ќе биде претежно облачно, студено и ветровито со врнежи кои ќе преминат во снег и на некои пониски места. Дневните температури значително ќе опаднат, за 10 до 15 степени во однос на денешните.

Даночните затајувачи сѐ почесто се мали фирми, кои сѐ потешко се следат.

повеќе

Повлекувањето на Обединетото кралство од ЕУ (Брегзит) е правен потфат без преседан во историјата на правото.

повеќе

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе