Овие 4.000 артилериски гранати што се извадени од Под Тумбе кафе се неиспукани и без запалки и не претставуваат опасност за транспорт, навдуваат од ДСЗ.
„Бидејќи се работи за огромна количина на неексплодирани убојни средства за истите уништувањето ќе почне во текот на месец декември и ќе продолжи до завршувањето на уништување на истите. При отстранувањето дополнително се пронаоѓаат се поголем број на неексплодирани убојни средства, за да се исчисти теренот ќе се работи и под земјениот пат кој минува зад стадионот во Битола, истиот ќе се затвори за да се продолжи со работа и поради безбедноста на населението“, се наведува во информацијата од Дирекцијата за заштита и спасување.
Според планот на спроведување на активноста за отстранување на гранатите ДСЗ има Стандардни оперативни процедури за заштита на неексплодирани убојни и други експлозивни средства, што опфаќаат: Мерки за безбедност на лицата вклучени во процесот на активноста на отстранување на неексплодирани убојни средства (НУС); Лична заштита опрема за секој пиротехничар согласно Стандардна оперативна процедура (СОП) за НУС; Одговорното лице на терен за сите активности има должност за планирање и координација за работата на пиротехничарите, соработката со претставниците од единиците на локалната самоуправа – општината, градоначалникот, Армијата, полицијата, болниците и другите соодветни организации.
ДСЗ врз основа на укажаната потреба доставила барање до Министерството за одбрана и за вклучување на пиротехничари на Армијата поради обемноста на активностите за транспорт и уништување на гранатите, а се информирани и меѓународните претставници од ОБСЕ, НАТО и ЕУ во земјава.