УНЕСКО донесе предлог одлука Охрид да биде ставен на листата на светско наследство во опасност

На состанокот од 16 до 31 јули на Комитетот за светско наследство во Фужоу, Кина, ќе се формализира оваа одлука Охридскиот регион да биде ставен на листата на светско наследство во опасниост, заедно со Венеција и Будимпешта. Министерство за култура смета дека предлогот на УНЕСКО за Охрид не ги отсликува во целост преземените реформи.

Во предлог-одлуката на УНЕСКО пишува: „Комитетот за Светско наследство одлучи да го впише природното и културното наследство на Охридскиот регион (Албанија, Северна Македонија) на Листата на светско наследство во опасност. Комитетот за Светско наследство бара од двете земји да развијат детален стратешки план за санација и акциски план во фази поврзан со јасно дефинирани цели и исходи за да се ублажат заканите на краток и долг рок. Комитетот за светско наследство, исто така, бара од двете држави, во консултација со Центарот за светско наследство да развијат предлог за посакувана состојба на заштита која кога ќе биде постигната би се отстранил Охридскиот регион од Листата на светско наследство во опасност, како и пакет на корективни мерки, вклучувајќи временски рокови за нивна имплементација“.

Причинита за овој предлог се наодите на Реактивната мониторинг мисија од 2020 година чии членови сметаат дека е направено премалку да се запре уништувањето на урбаниот и поширокиот пејзаж со несоодветни конзервација, реконструкција и развој. Комитетот е длабоко загрижен од заклучоците на Реактивната мониторинг мисија, која смета дека високите објекти близу до езерото, слабиот архитектонски квалитет на изграденото (посебно во поголемите градови Охрид, Струга и Поградец, но и долж брегот надвор од градовите), и несоодветната и претерана употреба на крајбрежјето за туристичка инфраструктура, имаат големо негативно влијание на универзалната вредност на Охридскиот регион.

Ставањето на Листата на загрозено светско наследство му овозможува на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО на загрозеното место да му даде итна помош од Фондот за светско наследство.

Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, во консултација со владата за загрозениот регион, треба да развие и усвои програма за корективни мерки и потоа да врши мониторинг на состојбата на терен. Сите активности треба да се преземат за да се обноват загрозените вредности на местото, за да се овозможи тоа во најкус можен рок да биде тргнато од Листата на загрозено наследство.

Предлог-одлуката на Центарот за светско наследство при УНЕСКО, Охридскиот регион да биде ставен на Листата на заштитени подрачја во опасност, не ги отсликува во целост реформите и сите активности кои се преземени од страна на централната и локалните власти до денеска, смета Министерството за култура на Македонија.

Во периодот кој претстои, заедно со Република Албанија, ќе ги презентираме аргументите зошто регионот не би требало да биде ставен во опасност, како и плановите за чекорите кои двете земји ќе ги преземаат во наредниот период, велат од Министерството за култура.

Без разлика на крајната одлука, Македонија, во соработка со Албанија и Центарот за светско наследство, ќе продолжи активно да ги спроведува препораките на УНЕСКО за Охридскиот регион, додаваат од Министерството за култура.

Покрај Охрид, и Венеција и Будимпешта се ставени на предлог одлуката за списокот на УНЕСКО за загрозено светско наследство, објави организацијата на ООН за образование, наука и култура (УНЕСКО).

Време е да се фокусираме врз суштинските проблеми. Време е да создадеме вистински ’општествен договор‘ за владеење на правото и на човековите права како главни столбови на европските вредности

повеќе

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе