Во кинескиот град Фуџоу

УНЕСКО денеска ќе одлучи дали Охрид ќе се најде на листата на светски наследства во опасност

По денешната расправа во УНЕСКО за статусот на Охридскиот регион ќе се знае дали Охрид ќе се најде на листата светско наследство во опасност . Денеска во кинескиот град Фуџоу се одржува 44-та сесија на Комитетот за светско наследство при Организација на ОН за образование, наука и култура (УНЕСКО).

На сесијата за состојбите во Охридскиот регион како заштитено природно и културно наследство од исклучителна универзална вредност, ќе се расправа по нацрт-верзијата на одлуката во која се нотирани слабостите за односот на државата, институциите, властите на национално и локално ниво кон Охридското Езеро и градот Охрид како природно, односно културно наследство прогласени за светско богатство и несоодветниот одговор на државата и институциите по забелешките нотирани од светската организација. Предлогот е регионот да биде впишан на листата на УНЕСКО со светски богатства во опасност.

Претходно, 34 организации и граѓански здруженија од Македонија и Албанија испратија писмо до Комитетот за светско наследство во кое се бара од УНЕСКО Охридскиот регион да биде впишан на листата на светски наследства во опасност. Ова не значи бришење од листата на заштитени природни и културни вредности на УНЕСКО, туку очекувана разврска на она на што беше укажувано години наназад од страна на експертите и критичката јавност, како несоодветно однесување кон брендот признаен од светот.

УНЕСКО досега даде неколку шанси за спроведување на препораките, но дегардацијата на универзалното културно и природно богатство продолжи, велат од невладината организација Охрид СОС. Невладините организации велат дека се длабоко загрижени, затоа што ваквата сосотојба не е последица ниту на војна, ни природна катастрофа, туку резултат на лошото управување и свесно уништување и негрижа од страна на властите.

„Мора јасна порака да се испрати до македоснките власти дека мора да ги почитуваат законите, насоките и препораките од експертите на УНЕСКО. Мора да ја почитуваат конвенцијата за светско наследство која вели дека мора да се грижат и да го унапредуваат регионот, да се спречат обиди за негова деградација а не да бидат изворот и причината за уништувањето“, велат од Охрид СОС.

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе

Ако денес направиме една историска книжевна паралела, драмското дело на Стефановски ќе го квалификуваме како антологиски бисер, кого и сегашните и идните генерации ќе го чуваат како неодминлив столб на целокупната македонска драмска литература.

повеќе