УНЕСКО без консензус, утре ќе се донесе одлука за тоа дали Охрид ќе добие уште 2 години за примена на препораките

Утре ќе се донесе конечната одлука за тоа дали Охрид ќе добие дополнителен рок од две години за имплементација на препораките на УНЕСКО, со што Охридскиот регион засега нема да биде впишан на Листата на светски културни и природни наследства во опасност.  На 44-та сесија на Комитетот за светско наследство при УНЕСКО во кинескиот град Фуџоу и денеска не е постигнат консензус, па одлуката е оставена за утре.

Се очекува УНЕСКО да даде дополнителни две години да се имплементираат нивните препораки за Охридскиот регион, со прецизни обврски и рокови за завршување и надзор од екипите на УНЕСКО.

На состанокот на Комитетот не беше постигнат консензус за предлог-одлуката Охрид да биде ставен на Листата на светски културни и природни богатства во опасност. На овој предлог реагирале членовите на Националната комисија на УНЕСКО на Босна и Херцеговина. Нивната делегација поднела амандман со кој се брише реченицата со која Охрид би станал културно наследство во опаност и предложи Македонија и Албанија да продолжат да постапуваат по препораките на УНЕСКО и да поднесат конечен извештај за сработеното до 1 феврурари 2023 година. Предлогот на БиХ бил поддржан од Русија, Унгарија, Саудиска Арабија, Кина и Шпанија. Против се изјасниле Норвешка, Бахреин и Гватемала, кои сметале дека токму ставањето на Охрид на листата на наследство во опасност, а не обратно, ќе ги мотивира засегнатите држави во напорите за спроведување интегрирани мерки и активности за елиминирање на регистрираните закани.

 

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе