Време

Умерено облачно со слаб локален дожд

Денеска времето во Македонија во утринските и претпладневните часови ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд. Во текот на денот облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен, а повремено и засилен ветер, во западните делови од западен, а во останатите од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 13, а максималната ќе достигне од 19 до 27 Целзиусови степени.

Во Скопје, во утринските и претпладневните часови променливо облачно со повремен слаб дожд. Во текот на денот сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 24 Целзиусови степени. Маврово 13, Охрид 20, Битола 24, Крива Паланка 19, Берово 20, Кавадарци 26, Дојран 27.

Утре ќе биде стабилно со засилен југозападен ветер. Во четврток и петок ќе преовладува променливо облачно и свежо време со слаб локален дожд и засилен северен ветер. Стабилно и потопло се очекува за време на викендот.

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе