Укината забраната за камиони и автобуси на патниот правец Тетово-Попова Шапка

Забрана за сообраќај на тешки товарни возила има на патниот правец крак Маврово-Дебар, а од 14:45 часот е укината забраната за сообраќај на тешки товарни возила и автобуси на патниот правец Тетово-Попова Шапка, како и задолжителната употреба на зимска опрема за останатите видови на возила, соопшти Автомото сојузот.

Сообраќајот на патиштата, како што велат од АМСМ, се одвива во зимски услови по влажни коловози, на повисоките места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонија пат. Намалена видливост поради појава на магла од 20 до 30 метри има на патниот правец с.Лисец – Попова Шапка.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од АМСМ и препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

 

Кој кого „мафлосува“, тие нас или ние нив. Чекор напред, три назад, како раковите во Охридското Езеро од моето детство кои исчезнаа во налетот на технолошкиот напредок и уништувањето на животната средина.

повеќе

Ние сме земја што први во Европа имаме стратегија за интеркултурализам.

повеќе

Францускиот предлог претставува директно рушење на основните темели на ЕУ.

повеќе