УХМР

Дожд и снег во наредните денови

Од ноќеска на пониските места на северозапад ќе има повремени врнежи од дожд кои понекаде на повисоките места ќе преминуваат во снег, а на планините на северот повремено ќе врне снег, информира Управата за хидрометеоролошки работи. 

„Утре и в среда ќе преовладува променливо облачно време, во западните делови и особено на северозападот со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места со повремен снег. Утре преку ноќта и во среда во северните делови на планините ќе се формира дополнителна снежна покривка, а мала снежна покривка ќе се формира понекаде и на повисоките места“, соопшти УХМР.

Пообилни врнежи над 25 литри на квадратен метар, како што најавува УХМР, ќе има во западниот дел од земјава особено во вторник во вечерните часови и во среда претпладне кога ќе почне да дува повремено силен северозападен ветер со брзина од над 65 километри на час.

Потоа, како што велат од УХМР, следува период на стабилно и се потопло време.

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе