Од четврток постепено затоплување

УХМР: До крајот на денот снежна покривка насекаде

Времето денеска ќе биде облачно, студено и ветровито со врнежи од снег, пообилни попладне и во текот на ноќта, особено во југозападните и западните делови. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Максималната температура насекаде ќе се задржи негативна, во интервал од -7 до -1 степен Целзиусов.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), до крајот на денот насекаде ќе се формира снежна покривка, во источните делови до 10 сантиметри, а на запад во пониските подрачја меѓу 20 и 30 сантиметри. На планините на северозапад постојната снежна покривка ќе се зголеми за нови 20 до 30 сантиметри снег.

Времето во Скопје ќе биде облачно, студено и ветровито, од пладне со врнежи од снег, кои ќе продолжат и преку ноќта кога ќе се интензивираат. До крајот на денот ќе се формира снежна покривка. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер, а максималната температура ќе достигне до -2 степени.

Од УХМР најавуваат дека следува период на многу студено време со значително потпросечни температури и со умерен до засилен северен ветер.

Утре, посочуваат, ќе се задржи облачно со врнежи од снег, кои ќе бидат пообилни претпладне особено во јужните делови. Снежната покривка насекаде ќе се зголеми. Од понеделник времето ќе биде стабилно. Утринските температурите до среда во најголем дел од земјава ќе бидат под -10, а на места и под -15 степени. Дневните температури ќе се задржат под нулата. Од четврток следува постепено затоплување.

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе