Убаво свети и кога денот силно светнал

Штедливи светилки на уличното осветлување на локалниот пат крај Батинци штедат од дневната електрична енергија. Сабота беше, околу 11 часот претпладне. Сончев ден.

Светилките се oд економичните и не свети секоја од нив. Како и што е препорачано од страна на властите. Редуцирано е осветлувањето на патот, кој е фреквентен и со возила и со велосипеди и со пешаци крај патот, зашто сепак, „црната“ темница не е безбедна. И веројатно палењето  гасењето и редуцирањето на бројот на светилки го регулира некаков софтвер, кој ќе го знае. И, тој сигурно згрешил, помешал ден - ноќ, помешал нешто со бројот на часовите во позицијата „запалено“.

Останува уште некој да го забележи тоа и да му каже на софтверот: „грешиш, батка“.

П.Џ.

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе