петок, 19 април 2024

Кружни врски – нова изложба на Петра Јовановска во Германија

Денеска ќе биде свечено отворена самостојната изложба на ликовната уметница Петра Јовановска под наслов „Кружни врски“ во Продуцентенгалери во Пасау, Германија .

Објавено на

часот

Сподели

Централниот елемент кругот во делата на Петра Јовановска не е случајно избран. Претставува синтеза на креативната и животната филозофија, како и сознанието дека совршената форма е без почеток и крај.
Уметницата Петра Јовановска ги печати пред се своите мисли, емоции и погледи на светот во кругови. На одредени уметнички композиции овој знак се множи. Тоа го постигнува со различни медиуми и графички техники. Круг симболизира еден вид емотивни размислувања кои за Петра Јовановска се бесконечни.
Најчесто го употребува сувиот жиг, за неа многу битна ликовна и пред се графичка техника каде доаѓа до структура, со неа го доловува емоциалниот момент. Петра Јовановска конечно дознава дека се наоѓа во сопствен круг, ги анализира сопствените погледи на нештата околу неа и емотивно се преиспитува.
Петра Јовановска е родена 1972 год. во Чешка, има завршено ФЛУ во Скопје, смер графика. Таа е ликовен уметник, организатор, куратор и координарор на многубројни ликовни проекти. Досега реализирала 68 самостојни изложби ( во Чешка, Македонија, Франција, Словенија, Германија, САД, Полска, Хрватска, Босна и Херцеговина…), голем број од нив во сопствена организација. Јовановска учествувала во над 300 групни изложби, добитник е на бројни награди во Чешка, Македонија, Јапонија, САД,
Романија…, а учествувала и на многубројни меѓународни ликовни симпозиуми и колонии.
Ликовниот проект е поддржан од Министерство за култура на Македонија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ