За да се изградат нови кафулиња, плажи, шанкови...

Палењето трски на Охридско Езеро не запира, нема казни, нема крај на ова дивеење (ФОТО+ВИДЕО)

И натаму се пали трската по стариот пат од Охрид до Струга. Апелираат сите. Само за општинските власти и за градоначалниците нема место за паника, нема место за грижа. Велат сѐ ќе се среди. Сите знаат дека тоа се прави за да се изградат нови кафулиња, плажи, шанкови, но никој не реагира.

 

Граѓанската иницијатива Охрид СОС по којзнае којпат предупредува на последиците од уништувањето на живеалиштата за животинскиот свет, на уништувањето на нивниот простор за безбеден живот и размножување.

Охрид СОС, по молкот на Владата, на Министерство за животна средина и просторно планирање, на општина Охрид и на другите институции, испрати обемен  извештај за овој проблем до УНЕСКО.

„Во извештајот детално се наведени сите овие 'активности' на наши сограѓани и сонародници. Меѓу другото и за палењето на трската. Нека не мислат нашите функционери дека ќе нашминкаат или козметички ќе дотераат некаков документ и со тоа ќе убедат некого дека опасноста е отстранета. Засега, кај нив отсуствува желбата и искрената волја да направат што било за да го заштитат природното наследство на охридскиот регион“, велат од Охрид СОС.

Фото: Охрид СОС и социјални мрежи

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе