Преку веб платформата „Отворени финансии“

Трошењата на државните пари од денеска на увид на јавноста

Преку веб платформата „Отворени финансии“ може да се погледнат сите плаќања на државните институции и примателите на средствата. Достапни се трошењата од 2010 година наваму, а во иднина ќе се објавуваат податоците на 15 дена.

Новата веб-платформа „Отворени финансии“ ја презентираа денеска премиерот Зоран Заев, министерката за финансии Нина Ангеловска и министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност Роберт Поповски.

„Денеска пред очите на јавноста ставаме финансиски податоци за над 12,5 милиони трансакции. Стандардите се поставени. Од денеска па натаму секогаш кога некое министерство, агенција или државна управа ќе извршат уплата на пари, трансакции во рекордно време ќе биде јавно достапна на увид секоја трансакција во сите државни институции за сите граѓани во државата“, рече премиерот.

Тој оцени дека денеска е празник на транспареноста и отчетноста во Република Северна Македонија.

„Тоа е така бидејќи после многу години обиди на граѓанскиот сектор во Северна Македонија конечно се отвори државниот трезор на Министерството за финансии и на увид на граѓаните ги ставаме минатите, сегашните и сите идни финансиски трансакции на буџетските корисници од Буџетот на државата“, изјави Заев.

Според премиерот, отворањето на трезорот и сите податоци во него е една од најголемите мерки во насока на намалување на корупцијата и неправилностите во работењето на државните институции, како и штедење на парите на граѓаните.

„Со ова ниво на транспарентност и отчетност граѓаните, медиумите и граѓанските организации ќе можат слободно да ги истражуваат плаќањата на институциите и да согледуваат дали некоја институција форсира поедин економски оператор или компанија или префрлува пари на едни исти физички лица за различни работи и сл. Потоа, преку Законот за пристап до информации од јавен карактер можат да се обратат до институцијата и да побара дополнително повеќе информации доколку наидат секако на сомнителна трансакција. На тој начин платформата „Отворени финансии“ во иднина ќе биде коректив на работењето на институциите и силна барикада за корупција, незаконитост и останатите неправилности кои ги среќаваме во самите институции“, потенцира премиерот.

 

Според министерката за финансии Нина Ангеловска, ова претставува декласифицирање на податоците за трансакциите на буџетските корисници и се покажува дека имаме инститиуционален капацитет за големи демократски чекори.

Платформата, како што рече, е еден од клучните резултати од големата реформа на јавните финансии, во чија суштина е транспареноста.

-Со промовирање на оваа платформа, заложбата на оваа Влада за ефикасно, транспарентно и ефективно управување со јавните финансии станува реалност. Овој чин е уште поважен бидејќи е чекор напред кон европскиот пат, додаде Ангеловска, најавувајќи дека во Министерството се работи и на други проекти.

Министерот Поповски оцени дека оваа платформа е само лигичен чекор и една од низата што ги презеде Владата кога ја иницираше програмата за политички и демократски реформи за да ја врати довербата на граѓаните во инститиуциите на системот.

-Првпат во политичката практика на нашата земја Владата е таа што самоиницијативно ги стави на најотворен, најтранспарентен начин своето финансиско раобтење и актинвости на увид на јавноста, потенцира Поповски.

 

Тој посочи и на податокот дека земјава заедно со Црна Гора е лидер во регионот според индексот на отвореност кој изнесува 78 проценти во однос на исполнување на индикаторите.

-Трендот е растечки во последните две години и донесе пресврт во рангирањето. Во 2016 година бевме на последното место. Тогаш имаше исполнетост само на 52 проценти од индикаторите. Она што заслужува посебно внимание е првото место на нашата земја по објавување Граѓански буџет, а со ова што денеска го правиме ќе бидеме уште повисоко рангирани, истакна министерот Поповски.

Во првата фаза на платформата „Отворени финансии“ е планирано да се објавуваат трансакциите на буџетските институции на Централниот буџет, а тоа се институциите од Основниот буџет – министерствата, агенциите, управите итн, како и социјалните фондови. Се очекува со пристапт на граѓаните и граѓанското општество до информациите за располагање со буџетските средства да поттикнува нивно разумно и одговорно трошење.

Во втората фаза, ќе се објавуваат и трансакциите на единиците на локалната самоуправа и нивните буџетски институции кои треба да дадат согласност претходно преку советот на секоја општина.

Платформата е изработена од Министерството за финансии со поддршка од Меѓународниот републикански институт – ИРИ и УСАИД.

Платформата „Отворени финансии“ се придружува на платформата „Отворени податоци“, алатката за отчетност на Владата која ги покажува личните службени трошења на функционерите и на новите сервисни веб-страници на Владата и министерствата на кои се работи и кои ќе содржат информации кои порано беа целосно недостапни.

Два месеци по недобивањето датум за преговори за членство на Македонија во ЕУ, малку знаеме која беше улогата на Бугарија во тоа.

повеќе

И покрај сите обиди, темата „Закон за јазиците" не „лепи".

повеќе

Дали ние, луѓето, сакаме да продолжиме да живееме добро и безбедно на оваа планета?

повеќе