Скопски водовод за МКД.мк

Тропските горештини ја зголемија потрошувачката на вода во Скопје

Во текот на овие денови, кога температурите се многу високи, зголемена е потрошувачката на вода во Скопје за околу 285.000 m3 на ден, велат за МКД.мк од Јавното претпријатие Водовод и канализација - Скопје. Од претпријатието апелираат до граѓаните и стопанските субјекти водата рационално да се троши и повторно предупредуваaт дека не е мал бројот на „диви“ приклучоци на водоводната мрежа, поради што има големи загуби на вода.  Измерената просечна дневна потрошувачка во периодот јануари – април е околу 267.500м3.

Бунарските подрачја Нерези и Лепенец се ставени во употреба од 22 јуни и според анализите на терен, не треба да се очекува опасност од недостиг на вода.

Проблем во овие жешки денови, кога и издашноста на изворите може да се намали е што на целата територија на Скопје не постои мрежа на техничка вода, со цел парковите и зеленилото да не се наводнуваат со водата за пиење.

„Вреди да се напомене дека на неколку локации во Скопје има бунари за техничка вода. Исто така, во последните години, ЈП Водовод и канализација – Скопје, спроведува истражувања и анализи за алтернативни извори на вода од Патишка Река, Кадина Река и други извори, со цел изнаоѓање на решенија за заштита на изворот Рашче и создавање услови за поширока употреба на техничка вода“, изјавија за МКД.мк од претпријатието.

На нашето прашање дали имаат сознанија за злоупотреба на водоводната мрежа, од претпријатието велат:

„ЈП Водовод и канализација – Скопје, континуирано спроведува акции за отстранување или исклучување на злоупотребите на вода, кои најчесто се во облик на диви приклучоци, кои за жал и покрај многубројните апели и информациите дека дивите приклучоци се криминални дела, сепак постојат. Во текот на овие акции истите се отстрануваат, а сторителите се пријавуваат до соодветните институции. Апелираме до граѓаните за одговорно однесување и регуларно поднесување на барања за водоводен приклучок доколку за тоа имаат потреба. Апелираме до граѓаните на град Скопје, доколку забележат див приклучок, истиот да го пријават на 023073 010, [email protected], www.vodovod-skopje.com.mk или преку мобилната апликација достапна за Android и iOS“.

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе