„Трка на радоста“ за почеток на школската година во Битола и во Скопје

Стотици дечиња од Битола и од Скопје ќе ја почнат новата учебна година со хуманитарната „Трка на радоста", што ќе се одржи на 1 септември (недела) во двата града. Tрките ќе се одржат кај шеталиштето во Битола и во Градскиот парк (Школка) во Скопје.

„Трка на радоста“ ја организира TВБ.мк – првиот веб ТВ-канал во земјава посветен на најмладата публика.

Трката ќе биде наменета за првачињата, но и за децата од 7 до 12 години, а ќе се реализира во две трки – „Првачињата трчаат“ и „Учениците трчаат“.

TВБ.мк овој проект го реализира во соработка со „Бучен Козјак“ од Куманово.

„На 1 септември децата радосно ќе влезат во новото животно поглавје, а со самото учество ќе усреќат и свои врсници од загрозени семејства, зашто дел од средствата што ќе се соберат за учество на трката ќе бидат донирани. Ваквите трки се посебен вид забава за децата. Придобивките не се мерат со часовник, ни со наградниот фонд, туку според чувството на задоволство и вештините со кои се стекнуваат од мали. Како и во секоја друг спортска дисциплина, децата минуваат низ процес, каде не е цел само медалот или да се биде прв, туку некои други вредности. Освен што промовираат здрав начин на живот, детските трки  ја градат личноста на фер-плеј, почит на личноста, пријателство, истрајност, заемна поддршка. Кога на сето ова ќе се додаде хуманата нота, тогаш оваа детска трка го заслужува името „Трка на радоста“, вели Весна Божиловиќ од ТВБ.

Сите заинтересирани ќе можат да се пријават за трката најдоцна до 28 август. Секој што ќе се пријави до оваа дата, ќе добие богат стартен пакет и маица со логото од трката. Секое дете што ќе ја заврши трката ќе добие медал.

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе