Проект поддржан од УСАИД

Триесет лица стекнаа мајсторски дипломи, кои ќе им овозможат да учествуваат во оспособување идни кадри

Триесет лица стекнаа мајсторски дипломи, кои ќе им овозможат да учествуваат во оспособување идни кадри фризери. Ќе можат да спроведуваат практична обука на ученици од средните стручни училишта, да бидат обучувачи за возрасни во процеси на доквалификација и преквалификација.

Дипломите тие ги стекнаа во рамки на проектот „Подобрување на капацитетите за зголемување на вработувањето во занаетчискиот сектор и бизнисите во Република Северна Македонија“, поддржан од Проект на УСАИД за развој на деловниот екосистем, кои им беа врачени денеска.

Целта е да ѝ се даде значење на титулата „мајстор“ во образовниот систем, која формално им овозможува на фризерите да учествуваат во оспособување на идниот кадар во струката.

Претседателот на Занаетчиската комора, Никола Петров, нагласи дека визијата на комората е подобрување на имиџот на занаетчиството и неговото место во општеството за да стане значаен фактор за развој на економијата во нашата земја, како и подобрување на квалитетот на занаетчиските производи и услуги.

„Мисијата ни е создадена на услови и рамки за развој на занаетчиството и создавање квалитетна работна сила за пазарот на трудот и занаетчиството преку подобрување на квалитетот на средното стручно образование на возрасни. Дуален систем на образование или практична обука кај работодавачи за која секогаш сме инсистирале во развоен процес на работа и применливи теоретски знаења. Работна сила која ќе се стекне со знаења, компетенции и вештини и ќе може директно да се вклучи во процесот на работата. Образование што ќе претставува иднина и можност за младите генерации. Занаетчиството е важен фактор на економскиот развој и како стопанска дејност има потенцијал, но за жал, морам да констатирам дека тој потенцијал не е доволно искористен“, рече Петров.

Крешник Бектеши, министер за економија информира дека определиле четири милиони денари, со цел занаетчиите да набават опрема и алатки, но истовремено, како што рече, да ги уредуваат нивните објекти, а и дополнителни над милион денари се насочени кон коморите за да организираат настани за промовирање на занаетчиството во нашата држава.

Арбер Адеми, министер за образование и наука рече дека нивна цел како влада, но и како Министерство е да вложат се повеќе за професионално надградување на младите лица кои на професионален начин ќе ја извршуваат нивната дејност.

„Министерството за образование и наука целосно го реформираше средното стручно образование со една единствена цел: да имаме образование што ќе одговара на барањата и потребите на пазарот на трудот. Овој кадар е дефицитарен и е потребен во нашата земја. Но, едно е вистина, бидејќи пазарот на трудот има потреба од ваков кадар, вакви професионалци и не само во оваа област туку и во сите други области“, изјави Адеми.

Директорката на УСАИД на РСМ, Гречен Биркл нагласи дека од септември 2018 година, оваа и други обуки од партнерските бизнис организации им помогнале на над 1.000 поединци да добијат вештини во широк спектар на полиња, но и дека овие програми, како што рече, помагаат да се зголеми понудата на квалификувани работници кои ќе им помогнат на микро, малите и средните претпријатија да растат и да се развиваат.

Во рамките на настанот фризерите – мајстори се претставија со фризерско шоу со практична работа на модели, а благодарница за развој на занаетчиството од страна на комората добија минстрите Адеми и Бектеши, но и мини и директорката на УСАИД Биркл.

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе