Три бугарски телевизии во македонскиот медиумски простор

Три бугарски телевизии со различна програмска содржина од денеска се присутни во македонскиот медиумски простор. Дозволата за емитување во земјава ја добиле пред две недели, а во моментов може да се гледаат на територијата на oпштина Струмица преку кабелскиот оператор Нет кабел. Во преговори се и со останатите локални кабелски оператори за емитување преку нивната мрежа на територијата на целата држава.

Станува збор за ТВ Европа, првата бугарска телевизија за вести, Велнес ТВ, првата бугарска и европска велнес телевизија посветена на спорт, здрава исхрана и развојот на децата и ТВ туризам, телевизија која нуди информации за туристичките понуди и дестинации.

Како што истакна програмскиот директор на ТВ Европа Љубомир Попов на денешната презентација во Скопје, приватната телевизија постои веќе 18 години и 24 часа во денот, на секои 30 минути, нуди вести од Бугарија, Европа и светот, со акцент на вести од Европа, како и спортски вести од целиот свет на секој час.

Во телевизијата работат околу 100 лица и има од 20 до 25 дописници од Бугарија и 10 од Европа. Се емитува преку кабелски оператори и преку сателит. Во моментов телевизијата ја следат од 600 до 700 илјади гледачи во Бугарија, а визија им е да достигнат до еден милион и се надеваат дека присуството во македонскиот етер ќе им помогне во тоа. Во скоро време планираат да отворат и студио во Скопје.

Основачот на ТВ велнес Иван Тодоров посочи дека телевизијата постои од 2015 година и емитува програма во Бугарија и Хрватска, од почетокот на годинава во Украина, а од неодамна и во Македонија.

„Отворете очи за подобар живот е нашето мото и се надевам дека тоа ќе го донесеме во вашиот дом“, порача Тодоров.

ТВ туризам веќе 10 години постои во бугарскиот медиумски простор и обезбедува информации за сите видови на туристички услуги и да ги промовира  новитетите во областа на туризмот во Бугарија и во светот. Телевизијата нуди над 50.000 часови документарна програма за повеќе од 10.000 туристички локации и дестинации.

„Сметаме дека ТВ туризам ќе биде еден од мостовите меѓу двете земји за нашиот заеднички пат кон Европа“, порачаа од ТВ туризам.

МИА

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе

Сега, додека балканскиве политичари ќе шетаат низ духовноста како волови во свила - каде им се врвните интелектуалци што би внеле елеганција во совладување на споровите?

повеќе

Рециклирањето можеби ни се чини како спас за природата, но најчесто е спасение само за нашата (валкана) совест.

повеќе