Определен му е притвор

Тренер по џудо од Прилеп вршел полови дејствија врз деца помали од 14 години

Четириесет и шестгодишен тренер по џудо заврши во притвор под сомнение дека извршил полови дејствија врз ученички помали од 14 години кој му биле доверени за да ги тренира. Но, наместо да ги учи како да го совладаат џудото, тренерот ја злоупотребил положбата и вршел полови дејствија врз децата.

Основното јавно обвинителство Прилеп поведе постапка тренерот по џудо, за кого постои основано сомнение дека со злоупотреба на положбата извршил полови дејствија врз малолетни ученички доверени за тренирање и воспитување.

На предлог на јавен обвинител на лицето му е одреден притвор во траење од 30 дена.

„Осомничениот како тренер по џудо, од април до ноември 2020 година, во Прилеп и на други места, заради задоволување на полови страсти, со злоупотреба на својата положба извршил полови дејствија врз деца кои наполниле 14 години – ученички кои му биле доверени заради тренирање и воспитување“, се вели во соопштението од ОЈО.

Против осомничениот надлежниот јавен обвинител поднесе предлог за определување на мерка притвор до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Прилеп, а Судот го прифати предлогот и со Решение на осомничениот му определи притвор во траење до 30 дена.

Против лицето постои основано сомнение дека сторил продолжено кривично дело – Обљуба со злоупотреба на положбата од член 189 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик.

„Наставник, воспитувач, посвоител, старател, очув, лекар или друго лице кое со злоупотреба на својата положба ќе извриш обљуба или друго полово дејствие со малолетно лице постаро од 14 години кое му е доверено заради учење, воспитување, чување или нега, ќе се казни со затвор најмалку десет години“, вели Кривичниот закон. 

 

 

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе