Трендови во комуникациите за активни граѓани

Долгоочекуваната конференција ПРачка („чатал“ на српски) се одржа во Белград на 20-21 април. Конференцијата имаше за цел да им помогне на граѓанските организации низ Западен Балкан да ги зајакнат своите способности за комуникација со граѓаните, и е во организација на Граѓански иницијативи, српска невладина организација, со поддршка на проектот EU ТАКСО 3 на ЕУ.

Зошто оваа конференција? Граѓанските организации играат важна улога во сите наши општества. Тие обезбедуваат основни услуги за граѓаните каде што јавните услуги не можат да стигнат. Тие помагаат да се надгледуваат владините политики и дејствија и бараат одговорност. Тие се ангажираат во активизам и нудат алтернативни политики и регулативи засновани на докази. Нивната работа никогаш не била лесна. Нив ги попречуваат многу ограничувања како што се физички и вербални напади, неоправдани медиумски критики и намалување на извори на финансирање. Клучен предизвик за нив е да ја направат својата работа повидлива за јавноста, што ќе им помогне да мобилизираат поголема поддршка и да привлечат волонтери. Покрај тоа, пандемијата на Ковид доведе до намалување на видливоста за многу граѓански организации.

 

По пауза од две години, конференцијата ПРачка се враќа на сцена и се одржува по петти пат. Организациите од регионот разговараа за стратегии и решенија за предизвиците, за креирање на ефективни комуникациски планови и учеа нови комуникациски вештини како што се раскажување приказни и воспоставување на релации со медиумите како и креирање на комуникација и канали за да се поврзат со младата генерација преку Tикток и поткаст.

Конференцијата ПРачка оваа година е за прв пат регионална и обединува еминентни говорници и професионалци од граѓански организации од Србија, Македонија, Косово, Босна и Херцеговина и Црна Гора.

Горан Игиќ од Македонија го претстави проектот „Види Вака“ како пример за начин да се претстават инспиративни приказни од социјалното опкружување, на сопствен канал.

Горан Ризаов, медиумски директор во Фондацијата Метаморфозис од  Македонија, еден од панелистите, изјави дека на граѓанското општество му требаат информации како да комуницира со јавноста за да се зголеми видливоста, бидејќи активностите на организациите се од витално значење за нашето општество.

ПРачка е единствената конференција во регионот посветена на односите со јавноста и комуникациите во непрофитниот сектор. Името (чатал за рачно гаѓање) е инспирирано од приказната за Давид и Голијат, водена од желбата да се привлече вниманието на тоа колку малите, но смртоносни оружја можат да бидат корисни во борбата против големите проблеми.

НВО ,,Граѓански иницијативи и проектот ЕУ ТАКСО ја организираат конференцијата како настан на ЕУ – и дел од програмата „Од луѓето за луѓето“ (People2People). За прв пат има регионален карактер и ќе обезбеди можност за проширување на размената на знаења и искуства меѓу учесниците во трендови, нови алатки и технологии во комуникацијата.

ЕУ ТАКСО 3 проектот пружа техничка помош за граѓанските организации во Западен Балкан и Турција. (ТАКСО) е регионален проект финансиран од Европската Унија (ЕУ) кој работи за подобрување на капацитетите и зајакнување на улогата на граѓанските организации (ГО). Проектот им помага на ГО активно да учествуваат во демократските процеси во регионот, а исто така стимулира поволна средина за граѓанското општество и плуралистички развој на медиумите.

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе