Tранспаренси Интернешнeл – Македонија: С Македонија на второ место од земјите на Централна и Источна Европа, според Индексот за интегритет на владите во секторот одбрана

Индексот за интегритет на владите во секторот одбрана на Транспаренси интернешнeл ја рангира Северна Македонија на високото второ место според интегритетот на работењето во одбраната. Истражувањето е објавено денеска, на Меѓународниот ден на борба против корупцијата, а резултатите на прес конференција ги образложија министерката за одбрана Радмила Шекеринска и претседателката на Транспаренси Интернешнeл – Македонија, Слаѓана Тасева.

„Дозволете да го изразам моето задоволство што успеавме да се искачиме на високото второ место на листата од земјите на централна и источна Европа кои се опфатени во истражувањето. Пред нас е само Латвија. Зад нас се сите земји од нашиот регион. Успеавме да бидеме подобри од 4 земји кои се веќе членки на ЕУ и од 6 земји кои се членки на НАТО од многу поодамна. Направивме силен пробив во транспарентноста и интегритетот во работењето. Покажавме дека можеме да обезбедиме европски вредности и стандарди дома“, изјави министерката Шекеринска.

Претседателката на Транспаренси Интернешнeл – Македонија, Слаѓана Тасева изрази задоволство од резултатите на истражувањето кои на картата на анализирани држави ја обележаа Северна Македонија со зелено.

„Република Сееврна Македонија има втор резултат веднаш по Латвија. Имаме повисоки резултати од Грузија, Литванија Полска, Естонија, Босна и Херцеговина, Ерменија, Косово, Србија, Унгарија, Украина, Албанија, Црна Гора и Азербејџан. Значи ние сме најдобро рангирани после Латвија во овој индекс на интегритет на владите во секторот одбрана. Би сакала навистина да и честитам на министерката Шекеринска за тоа како се обезбедени сите и регулаторни, нормативни и институционални услови за да може истражувањето, кое што е многу детално, да покаже ваков висок степен на усогласеност на системот за интегритет во одбраната на Република Северна Македонија со индикаторите за проценка на интегритетот во овој сектор во светот“, рече Тасева.

Зборувајќи за пресвртот во министерството во последните години според критериумите што ги оценува Транспаренси Интернешанал, Шекеринска потсети дека во 2015 година Министерството за одбрана од норвешкиот Центар за интегритет во одбраната, беше оценето како една од најзатворените институции во земјата. Денеска, рече министерката, Министерството за одбрана е на прво место според активната транспарентност во работењето од сите институции во земјава, и на второ место според интегритетот во одбраната од земјите на ЦИЕ.

„Индексот за интегритет на владите во одбраната на Транспаренси Интернешнeл уште повисоко ја оцени отпорноста на одбраната на корупција во делот на набавките и човечките ресурси. По овие критериуми Северна Македонија е земја со низок ризик од корупција. Нашиот буџет е транспарентен, постои регулатива за борба против корупцијата која е усогласена со меѓународните стандарди, отворени сме и дискутираме со невладиниот сектор, а преку слободниот пристап до информации од јавен карактер и со граѓаните. Ќе продолжиме да го подобруваме процесот подетално. Затоа веќе започнавме да работиме на новиот план за интегритет, со експертска поддршка од Кралството Норвешка, а кој треба да биде усвоен до крајот на март 202“, рече Шекеринска.

Министерката додаде дека силната определба на Владата за максимална транспарентност и интегритет во работењето ќе биде пренесена и на локално ниво.

„Владата очекува општините да ги објават документите предвидени со членот 10 од Законот за слободен пристап до информации, како што тоа го направија министерствата. Како Влада, ќе го помагаме локалниот развој таму каде општините се подготвени со транспарентност и отвореност кон јавноста, тој развој да го гарантираат“, рече Шекеринска.

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе