Битола

Традиционална семакедонска и погранична средба на Mакедонците во Трново

Под мотото „Човекови права за сите и против секаква дискриминација и асимилација", денеска во црквата „Успение на Пресвета Борогородица" во потпелистерското село Трново ќе се одржи 48. Семакедонска и 39. Погранична средба на Mакедонците од државата и светот.

Според програмата која ќе почне во 10:30 часот, на средбата ќе се обратат претседателот на Матицата на иселениците од Македонија Иван Џо Петрески, претседателот на Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија и претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Битола Александар Јаневски, архимандрит Никодим Царкњас, градоначалникот на општина Пустец, Пале Колефски, пратеникот во Собанието на Република Албанија, Васил Стерјовски и претседателот на Светскиот македонски конгрес, Тодор Петров.

Традиционалниот настан го организираат Матицата на иселениците од Македонија, Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Битола, Светскиот македонски конгрес и Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија „Македон“.

Во културно-уметничка програма ќе учествуваат членовите на КУД „Гоце Делчев“ од Битола и македонски естрадни уметници. 

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе