Со поезија во вториот број на „Искра“

Тивкиот убиец од Драчево кој што го закопа соседот под спална порача дека никој нема да му ја земе надежта

Името на Милош Давчевски јавноста го слушна во мај, 2011 година. Тој беше поврзан со убиство какво што до сега не се памети. Тивкиот убиец од Драчево од тогаш, па се до денес го паметиме по животот заедно со мртов човек кој го задавил со пешкир, па го закопал под спалната соба во неговата куќа. Ваквата тајна Давчевски ја чуваше две години. За него по изречениот затвор не знаеме многу, освен дека е осуденик во најголемиот затвор во државава и таму ја издржува изречената 11 годишна казна. 

Во нашите најавени медиумски посети во затворот во Идризово, во серијата разговори со осудени лица сретнавме осуденици за убиство, дури и оние осудени на доживотен затвор, но Давчевски не сме го сретнале. Можеби во некоја следна посета...

А дотогаш ќе ви пренесеме дел од неговите мисли и поезија.

Деновиве неговото име го сретнавме низ страниците на списанието „Искра“ кое почна да се печати како проект на дел од вработените на затворот на чело со директорот Боби Мојсовски.

Во низата поезии на овој втор број од весникот свое место најдоа и стиховите на Давчевски.

Две години неговата куќа ја чувала тајната за убиениот 44 годишен маж кој бил пријавен како исчезнат од неговиот брат. Совеста на соседот кој му помогнал да го сокријат и закопаат телото ја откри вистината, откако тој се одлучи да и раскаже на полицијата дека во куќата на Давчевски цели две година под спалната соба лежи закопан мртов маж.

Без да знае врз закопаното тело сестрата на осудениот Милош спиела повеќе од една година.  

Ужасната тајна и стореното му донесоа затворска казна од 11 години. Тивкиот убиец од Драчево сега преку „Искра“ реши да порача дека е затворен во четири ѕида, но дека има сон за подобро утре и има надеж.

„Затворен сум веќе долги години осум и затворен во четири студени и темни ѕида се прашувам постојано веќе и кој сум но крајот се уште не можам да го видам. Јас имам сон за подобро и светло утре имам надеж дека тоа утре ќе биде сега сега кога мојата вера е доминантна кога имам љубов полно срце, љубов за сите и ја молам кармата побрзо да дојде во дните. Ми остана само надежта, но надежта нема да ми ја одземе никој кога разочарано ќе речам нема надеж веќе, тука е сонот а тој сон надежта ми ја враќа. Има мигови кога надежта ме смее има мигови кога сум стварно среќен кога сум возбуден и исполнет со љубов тоа е се благодарение на надежта. Јас живеам во сегашниот миг без минато и иднина живеам во надеж дека „сега“ може да ми биде најубавиот миг. Сонувам за момент на среќа сонувам за мојата искрена вера сонувам дека сакам и дека љубасонувам дека сакам и дека љубам сонувам за подобро, слободно утре. Ова го гледам како казна од кармата кармата ми наплаќа долгови стари кармата ме остави празен и без пари но кармата ќе ме врати на патеки стари. Ја молам кармата да ја премота лентата да ги види сите мои животни дела кои ги има милиони од кои има многу добри а и по некои одвратни и зли. Во овој момент на спокој и мир добивам инспирација, добивам желба надеж, љубов, сон, вера за мојата карма да биде сега дарба. Сеуште сум млад, имам уште три години тешки но до слобода ќе чекорам полека пешки. За слободата живеам, копнеам и сонувам. Сеуште имам вера. Сеуште имам надеж. Сеуште имам љубов, и имам сон! Се оставам на неа, на кармата“, пишува Давчевски во песната со наслов „Надеж“.

Милош Давчевски кој сега веќе има 39 години пред судот во периодот додека траеше судењето го призна убиството и тогаш тврдеше дека на давењето со пешкир се сеќавал делумно, пиел алкохол и апчиња, а во минатото двапати пробал и да се самоубие со пиење на апчиња и сечење на вените.

Веднаш по убиството, му раскажал на Стојан, кој бил негов сосед, што се случило.

„Отидов кај него и му кажав што се случи, а тој ми рече да не го пријавувам случајот во полиција бидејќи долго ќе лежам во затвор и дека ќе се прикрие делото. Случајот не го пријавив оти ми беше страв“  тврдеше во 2011 Давчевски.

Телото на нивниот пријател го закопале во оставината од спалната соба, ги извадиле даските од подот и таму го ставиле.

Давчевски тврдеше дека Сталетовиќ активно учествувал во прикривањето на трагите на убиството, додека Стојадин во својот исказ го тврдеше спротивното.

Тој призна дека знаел, но го предупредил Милош да не го меша во ништо и дека уште веднаш го посоветувал да го пријави случајот во полиција.

На Милош Давчевски му остануваат уште 3 години од затворска казна, по што надвор го чека слободата. Во меѓувреме слободното време зад затворските решетки го користи за да порача дека и за нив, за оние кои се чини дека се подзаборавени и затворени во ќелија, има надеж. 

                                                                                                                               К.Д.

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе