Од денеска во касарната „Илинден“

„Тигрите“ ќе се хранат во нова кујна по највисоки ХАСАП стандарди

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски заедно со дел од раководството на МВР денеска во касарната „Илинден“ присуствуваше на пуштањето во употреба на нов објект-кујна за потребите на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“.

МВР инвестираше во целосна реконструкција на објект во касарната „Илинден" што го доби на трајно користење од Министерството за одбрана, а кој од денеска ќе биде во функција – објект за исхрана со кујна на припадниците на Специјалната антитерористичка единица, кои од формирањето на Единицата до денеска се хранеа во објект надвор од кругот на касарната, потенцирал министерот Спасовски.

Новиот објект за исхрана, за чија реконструкција се издвоени околу девет милиони денари, соопштија денеска од МВР, е изграден по највисоки полициски и ХАСАП стандарди, а во склоп на објектот се наоѓа кујна оспособена за приготвување храна во текот на 24 часа седум дена во неделата.

Кујната покрај за САЕ „Тигар“ има капацитет да овозможи приготвување храна и за други организациски единици на МВР, во посебни околности, за потребите на службата.

Имено, по спроведена јавна набавка со барани високи критериуми, преку електронска аукција бил избран економски оператор кој под посебен мониторинг ќе ја приготвува и служи храната за припадниците на САЕ „Тигар". Со тоа, МВР првпат го имплементира овој пилот проект кај нас, кој кај повеќе полиции во Европската Унија успешно функционира подолг период, се наведува во соопштението, со тенденција во иднина да се прошири и во други објекти на министерството.

„Со доаѓањето на чело на МВР на министерот Спасовски, како резултат на посветеноста во унапредувањето на условите за работа на полициските службеници, реновирани се над 62 објекти и полициски станици на МВР, специјалниците единици добија повеќе комплети нова униформа, униформи се набавени и за останатите полициски службеници. Исплатени беа три заостанати бонус плати за прекувремено изработени часови, обезбедени се поголем број донации во возила и опрема за разни полициски организациони единици, со што Министерството за внатрешни работи бележи значително подобрени перформанси во борбата со криминалот, сообраќајната безбедност и севкупната безбедноста на граѓаните на целата територија на нашата држава“, стои во соопштението од МВР.

Во периодот од јануари до октомври 2021 година, во делот на сузбивање на недозволена трговија со дрога извршени се вкупно 390 претреси на дом и помошни простории, 320 прегледи на лица/возила и едно пребарување на терен, а поради сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори" мерки од овластувањата се преземени кон 914 лица, објави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот фејсбук профил.

Зголемувањето на цените на храната се случува од причини кои се многу посложени отколку зголемувањето на другите цени, така што справувањето со тие причини бара различни стратегии. 

повеќе

Оние кои што најмногу сакаат карикатури засновани на црн хумор, имале највисоки мерки на вербалните и невербалните тестови на интелигенција, односно потребна е извесна интелигенција, добро расположение и смиреност да се препознае и ужива во црниот хумор, покажуваат истражувањата.

повеќе

Засега нема причина за паника, но треба внимателно да му пристапиме на наративот дека омикрон предизвикува лесна форма на КОВИД-19 која побрзо ќе доведе до крај на пандемијата.

повеќе