Тетовските села Теарце, Слатино и Лешок зафатени од невреме проследено со град

Грмотевици, град, силен дожд и ветер ги зафати неколку села во општина Теарце во Тетовско попладнево околу 18 часот. Во Лешок, Слатино и Теарце жителите сведочат за интензивно невреме во траење од повеќе од половина час.

„Почна со дожд и ветер, што се засилија, па започна град да паѓа. Поради многу дожд водата се насобра на улиците, некаде со кал, а некаде поројно течеше по улиците”, информираат жителите на Слатино.

Во тетовската полиција засега нема пријавено повредени лица, поголеми проблеми или оштетување на имоти.

МИА

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе

Овој термин, без исклучок го употребуваат сите партии кога се во опозиција. СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, ДПА...

повеќе