„Саниран е дефект стар со години со кој се надевам дека ќе се надмине проблемот со горните делови од градот. Тој вентил одредени периоди работеше и на моменти ќе паднеше ткн. Клапна, внатрешен дел од кој зависи допирање и пуштање на вода од резервоарот во градскиот систем. На проверка ни даваше сигнали дека се е во ред. Деловите кои беа дефектни се заменети со нови, но сега верувам дека ќе биде подобра состојбата", изјави Љуљзим Шаќири, раководител на „Водовод и канализација".
Моментно, тетовската водоводна мрежа од природните извори добива 300 литри вода во секунда. Во таа бројка се вклучени и количини вода од бунарите, а вклучени се два од трите вакви објекти.
„Триста литри вода во секунда е добра бројка на количина, но сега е поголема потрошувачката веројатно поради состојбата со коронавирусот и хигиенските потреби на граѓаните. Од друга страна се соочуваме со тоа што нема дождови и има високи температури. Воедно констатираме дека покрај количините вода, проблем за нормално водоснабдување низ градот е тоа што нема соодветен притисок. За да се создаде поголем притисок оваа мрежа има потреба од друг систем кој сега е зависен од повеќе фактори како потрошувачка, хидрофори, губење вода и слично", објаснува Љуљзим Шаќири.
Жителите на населбата Колтук во Тетово изминатиов период се соочуваа со целодневни прекини во водоснабдувањето.
МИА