На второ место е Катманду, Непал, со индекс 95,85, па следуваат Фаридабад, Индија (94,74), Кабул Авганистан (94,68)... На оваа светска рејтинг листа Скопје е на 39-то место со индекс на загадувањето од 82,92.
На листата за Европа Македонија „освои“ две места од првите 4 – Тетово е на прво место, а Скопје на четвртото. Меѓу нив се Челјабинск, Русија и Тирана, Албанија.
На 14-то место на листата за Европа е и Софија, Бугарија, со индекс на загадувањето од 68,92, Солун е на 21-то место, па Битола на 25 место...
Како извори на податоци за сите листи што се објавуваат на Numbeo.com се користат официјални информации објавени во голем број на меѓунаридни угледни медиуми, како на пример Би-би-си, Тајм, Форбс, Економист, Телеграф, Чајна дејли...