Тетовецот Александар Бојчевски во Германија истражува за поголема безбедност на интернет и на социјалните мрежи

Посветеноста, трудот и желбата за компјутерските науки се причина 30-годишниот Александар Бојчевски од Тетово веќе неколку години да се наоѓа во Германија каде успешно почнува да ја гради неговата кариера во научно-истражувачката дејност.  Магистерските и докторските студии по компјутерски науки ги стекнал во Германија, а од есенва го очекува новиот предизвик – работата во ЦИСПА Хелмхолц центарот за безбедноста на информациите од сите нејзини аспекти.

„Главната тема на моето истражување (кое го вршев за време на докторските студии и што во иднина ќе го продолжам во ЦИСПА) е „Доверлива вештачка интелегенција”. Во полето на вештачката интелегенција (специфично, машинско учење) станува збор за модели и алгоритми кои автоматски учат различни концепти или однесувања врз голема база на примероци. На пример ако имаме социјална мрежа каде што има вистински корисници и ботови (интернет онлајн робот). Прво ќе собереме голем број примероци од овие различни две категории (вистински корисник или бот) кои што ќе ги искористиме да го научиме компјутерот да ја препознае разликата помеѓу нив. Со тоа ќе можеме да креираме алгоритам кој што ќе може автоматски да предвиди дали одреден нов корисник во иднина е вистински или пак е бот. Според друг пример може автоматски да предвидиме дали на една слика има човек или животно, или пак автоматски да предвидиме колкави се шансите одреден пациент да заболи од рак, и така натаму. Значи земаме голем број примероци (вистински vs. бот, човек vs. животно, здрав vs. заболен од рак, итн.) и креираме алгоритам кој автоматски ќе ги препознае разликите“, објаснува Александар.

Младиот тетовски научник во Германија објаснува дека негов фокус е како да се направат тие алгоритми и модели да бидат доверливи, односно да знаат луѓето дека имаат одредена безбедност кога користат интернет и социјални мрежи.

„Или поспецифично кажано јас студирам како да ги направам алгоритмите да бидат отпорни на напад и манипулација. На пример ботовите може да пробаат да го излажат системот и да го манипулираат своето однесување за да не бидат фатени (да не бидат класифицирани како бот). Јас студирам начини како да го спречам тоа. Понатаму да бидат алгоритмите фер за сите корисници. На пример тоа значи дека сите корисници без разлика на нивниот пол или години или раса ќе бидат третирани подеднакво од алгоритмот. Исто така, дел од работата е да се заштити приватноста на корисниците и да можат да бидат протолкувани (да може и обичен корисник да ги разбере, не само експерти)“, објаснува Александар Бојчевски.

Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) е почетната негова станица на патот кон развивањето на компјутерските науки сега во Германија. По дипломирањето во 2013 година успеал да добие целосна стипендија од ДААД (Германска агенција за академска размена) за магистерски студии во Германија.

„Со таа стипендија студирав на Техничкиот универзитет во Минхен. Потоа продолжив со докторски студии на Техничкиот универзитет во Минхен, каде што во декември 2020 дипломирав со највисоки почести (summa cum laude). Така сега од есен започнувам нова позиција како дел од факултетот на ЦИСПА каде што ќе надгледувам и водам тим од неколку докторанти, и ќе држам предавања на Универзитетот во Сарланд. ЦИСПА припаѓа на здружението на германски истражувачки центри Хелмхолц и е голема германска федерална истражувачка институција. Главниот истражувачки фокус е безбедноста на информациите од сите нејзини аспекти“, вели Александар.

Младиот тетовец е воодушевен од можносите во Германија особено за научно-истражувачка работа.

„Една од најголемите разлики помеѓу Германија и Македонија е во бројот на можностите за младите, особено за оние кои што сакаат да го следат академскиот пат и да се занимаваат со наука и истражување. Се надевам дека во иднина ќе има повеќе такви можности во Македонија, како и поголема соработка со науно-истражувачките институти во Европа. Кога станува збор за секојдневиот живот во Германија позитивно сум изненаден од тоа колку имаат Германците отворен ум“, вели Александар.

МИА

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе

Енергетската сиромаштија е значително поприсутна во централна, источна и југоисточна Европа, покажува последното истражување.

повеќе