Спасовски апелира на внимателност

Телеграм ја затвори „Јавна соба“, отворена е нова слична група

Платформата Телеграм ја затвори групата „Јавна соба“ во која се споделуваа фотографии од девојки, а им беа украдени од профилите на социјалните мрежи со нивните лични податоци и мобилни телефони. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на Фејсбук потврди дека групата е затворена и апелеираше аа внимателност бидејќи на платформата Телеграм има и друга слична група. До сега за кривични дела во оваа група, приведени се четири лица, а се трага по останатите членови, како и по „главата“ на групата. 

„Од Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика ме информираа дека групата „Јавна соба" е затворена. Го поздравувам ваквиот чекор на платформата Телеграм и порачувам дека оние што го прекршиле законот ќе бидат казнети бидејќи ние целосно ги документираме случаите. Истовремено, апелирам за внимателност бидејќи на платформата Телеграм има и друга слична група и ние соодветно ќе постапиме и за членовите на оваа група. Сите што го кршат законот соодветно ќе одговараат“, соопшти Спаосвски. 

Денес премиерот Зоран Заев информираше дека dоколку апликацијата Телеграм не го затвори каналот „Јавна соба" каде се споделува порнографска и приватна содржина од наши граѓани, како и детска порнографија, ќе се разгледа и опцијата за блокирање или рестрикција на користењето на оваа апликација во државава. 

Реакција имаше и од Кабинетот на претседателот, Стево Пендаровски кој ги повика институциите овој случај побрзо да се реши. 

„Барам од надлежните институции соодветно да го истражат случајот, а престапниците да бидат гонети и казнети согласно законските прописи. Одговорност мора да има во најкус можен рок. Доколку не се дејствува сега, се создава можност за креирање на култура на неказнивост за кривични дела со кои се уништуваат животите на илјадници жртви. Како општество, секој од нас треба да покаже солидарност и поддршка на жртвите, да не дозволиме двојна виктимизација. Да дејствуваме веднаш!, вели Пендаровки, коментирајќи го случајот со „Јавна соба".

 

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе