По автобуската несреќа

Татко очајно моли за помош да му се најде синот кој беше во превртениот автобус

Татко повеќе од 15 часа е во потрага по својот син Седат Реџепи, кој вчера бил во автобусот што излета од автопатот Скопје - Тетово и се преврте.

Таткото на Седат  бил во сите болници, меѓутоа не може да го најде својот син и моли за помош за некаква информација, пренесе ТВ21.

Тој вели дека син му не е на списокот на загинатите, но во ниту една болница не може да го пронајде и нема информација што се случува со него.

Седат се враќал од работа со автобусот кој околу 17 часот се преврте на автопатот Скопје – Тетово.


 

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе