Aвтори на песната се Роберт Билбилов, Дарко Димитров и Лазар Цветкоски, а стиховите се дело на Коста Петров, коj е дел од евровизискиот тим во Израел.
Инаку, мотото на годинашниот евровизиски избор е „Осмели се да сонуваш“. Од второто полуфинале вечерва за финалето се пласираа 10 од 18-те учесници во втората полуфинална вечер.
Во финалето на Евросонг в сабота ќе учествуваат 26 земји, по десет од двете полуфиналиња, претставникот на земјата домаќин Израел, и претставниците на големата петорка: Шпанија, Германија, Италија, Франција и Велика Британија.
Во ревијалниот дел на финалето, меѓу другите учесници, ќе настапи и Мадона.