Сонце и Ромски ресурсен центар

Таблети за децата Роми од Берово

15 таблети со ваучери за по 10 ГБ интернет се доделени на децата Роми кои учат во основното училиште „Дедо Иљо Малешевски“ во Берово, кои во текот на пандемијата поради ковид-19 не беа во можност да следат онлине настава. Проектот ќе опфати 222 деца Роми.

Носител на овој проект е невладината организација Сонце од Тетово, а партнерска организација за општината Беровое „Ромски ресурсец центар“.

На доделувањето присуствуваа и директорот на Ромскиот образовен фонд Реџеп Али Чупи, градоначалникот на општина Берово Звонко Пекевски и претставници на невладините организации.

Оваа акција е дел од проектот „Подобрување на средината за учење на учениците во основното образование”, финансиски е поддржан од Ромскиот образовен фонд. Истиот проект ќе овозможи на најзагрозените 222 деца Роми вклучени во основно образование да се стекнат со паметни уреди и 10 ГБ интернет за следење на настава од далечина. Децата се идентификувани од страна на партнерските организации во соработка со основните училишта во Куманово, Кичево, Кочани, Виница, Битола, Прилеп, Штип и Делчево. 

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе