„Му благодарам на господ што паметот ми беше во глава, го најдов чеканот и го скршив стаклото. По мене излегоа уште шест други“, вели Лулзим.
Тој вели дека на патувањето си поминал убаво, сѐ до моментот кога ги видел страшните слики од запалениот автобус.
„Екскурзијата беше многу добра. Имавме и водич, кој нѐ водеше секаде. Беше прекрасно. И шоферите беа добри, беа двајца, и патот беше многу добар. Во двата правци имавме паузи. Во автобусот беа добри, ни даваа кафе, пијалаци, имавме паузи и така“, изјави Сулејмани.
За моментите по трагедијата сведочи и неговиот татко, кој прво слушнал дека син му е мртов, а потоа дека е жив, и заминал за Софија.
„Јас како татко го преживеав најтешкото. Првиот пат ми кажаа дека е загинат, а потоа дека е жив“, вели таткото и порачува дека ги разбира другите, особено родителите што ги загубија децата, знае како им е и ова веќе никогаш да не се случи.
Во трагедијата во Бугарија изгореа 45 патници, меѓу кои и 12 деца, а 7 успеаја да се спасат скокајќи преку скршен прозорец.