Сулејмани вели дека по трагедијата не може да спие

Сведоштво на преживеан патник од запалениот автобус на „Беса транс“: Бев буден и видов сè, живеам втор живот

Лулзим Сулејмани е еден од преживеаните во несреќата кај „Струма“, односно патникот што го скршил прозорецот на запалениот автобус. Тој вели дека се уште е во шок, не може да спие, а сликите од трагедијата постојано се вртат во неговата глава. Еднаш неделно посетува психијатар во болницата во Врање. За 21 ТВ раскажува дека во моментот на несреќата бил буден и видел сè. Заедно со него, од автобусот се спасија уште шест патници. 

„Му благодарам на господ што паметот ми беше во глава, го најдов чеканот и го скршив стаклото. По мене излегоа уште шест други“, вели Лулзим.

Тој вели дека на патувањето си поминал убаво, сѐ до моментот кога ги видел страшните слики од запалениот автобус. 

„Екскурзијата беше многу добра. Имавме и водич, кој нѐ водеше секаде. Беше прекрасно. И шоферите беа добри, беа двајца, и патот беше многу добар. Во двата правци имавме паузи. Во автобусот беа добри, ни даваа кафе, пијалаци, имавме паузи и така“, изјави Сулејмани.

За моментите по трагедијата сведочи и неговиот татко, кој прво слушнал дека син му е мртов, а потоа дека е жив, и заминал за Софија.

„Јас како татко го преживеав најтешкото. Првиот пат ми кажаа дека е загинат, а потоа дека е жив“, вели таткото и порачува дека ги разбира другите, особено родителите што ги загубија децата, знае како им е и ова веќе никогаш да не се случи.

Во трагедијата во Бугарија изгореа 45 патници, меѓу кои и 12 деца, а 7 успеаја да се спасат скокајќи преку скршен прозорец. 

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе