МЕД

Сунчица, белоглавиот мршојадец од Берово по прелетани 18 илјади километри се врати на Балканот

Македонското еколошко друштво информира дека по 5 месеци зимување на Блискиот Исток светскиот патник Сунчица се врати на Балканот. Во 2019 година заедно со Фондот за дива флора и фауна на Сунчица и на уште неколку други  белоглави мршојадци од Грција и Македонија им беа ставени ГПС предаватели.

Со овие предаватели се прави обид да се следи и да се спречи нивното труење на Балканот. Труењето е една од најголемите закани за популациите на мршојадци чии бројки стрмоглаво опаѓаат. Сунчица направи импресивна „прошетка“ сѐ до Блискиот Исток.

На почетокот на октомври 2019 година Сунчица беше пронајдена во Берово прегладнета, преморена и неспособна за лет. Асоцијацијата за заштита на животните Про-анима од Берово ги повика на помош експертите од МЕД и до крајот на октомври Сунчица беше ослободена на Витачево од каде замина на исток. За жал, во средината на ноември таа повторно беше во неволја, во близина на езерото Вистонида во Грција. Младата птица не можела да најде соодветна храна и повторно беше прегладнета и истоштена. Сунчица беше префрлена во Солун каде ветеринарен тим се грижеше за неа до декември. Од декември 2019 до октомври 2020 таа леташе над источните Родопи и Централен Балкан, а потоа полета кон Црното Море и следејќи го брегот ја помина Турција и одлета кон Ирак и Иран.

Шест месеци подоцна Сунчица е назад на Балканот летајќи на небото над Западна Бугарија.

Од октомври 2020 Сунчица прелета 18.732 километри. Растојанието од нејзината почетна точка до местото каде најдалеку одлета е 2.800 км.

Следењето на Сунчица е дел од мониторингот кој го прават неколку организации во проектот Балкан детокс. Целите на овој проект опфаќаат подигање на свесноста за последиците и зајакнување на националните капацитети за борба против илегално труење на диви животни, кое на Балканот е одговорно за намалување на популациите на многу загрозени видови.

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе