Време

Студено, ветровито и снег

Времето во земјава ќе биде облачно, студено и ветровито со врнежи претежно од снег. Најобилни врнежи се очекуваат во источните делови. Дневната температура ќе биде за 10 до 15 степени пониска во однос на вчерашната. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус 3 до 4, а дневната од  минус 1 до Целзиусови 6 степени.

Во Скопје облачно, студено и ветровито со врнежи претежно од снег. Утринската температура ќе се спушти до 1, а дневната ќе достигне до 3 степени. Во Маврово -2,Охрид 4, Битола 3, Кавадарци 4, Берово и Крива Паланка 0, Дојран 5.

Локални врнежи од снег ќе има и во вторник. Во овие два дена најобилни врнежи ќе има во источните делови од земјава, каде се очекува формирање на снежна покривка и над 20 см. Во останатите подрачја можна е помала снежна покривка, главно околу 5 см, освен на планините каде ќе биде поголема. Најмали услови за формирање снежна покривка ќе има вдолж Повардарието каде ќе биде најветровито. Од среда попладне следува благо затоплување, па до крај на работната седмица ќе се задржи облачно, но со врнежи од дожд.

Даночните затајувачи сѐ почесто се мали фирми, кои сѐ потешко се следат.

повеќе

Повлекувањето на Обединетото кралство од ЕУ (Брегзит) е правен потфат без преседан во историјата на правото.

повеќе

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе