Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 10, а максималната од 18 до 25 Целзиусови степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умeрен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 23 степени.
Во текот на работната седмица ќе биде стабилно со студени утра и со дневни температури кои ќе бидат под просекот за овој дел од годината. Утре ќе дува повремено засилен јужен, во западните делови западен ветер кој ќе засилува, а потоа до четврток ветерот повремено преку денот ќе засилува и ќе е северен. Во среда ќе има зголемена облачност и услови за појава на краткотраен дожд.