Време

Студено со слаб снег

Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со умерен, а долж Поварадрието краткотрајно засилен ветер од северен правец. Претежно претпладне и особено во северните и централните делови од земјава повремено ќе провејува слаб снег.

Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до -2, а максималната ќе достигне од -1 до 6 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно и студено со повремени врнежи од снег, особено претпладне. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 7 степени.

Според прогнозата на УХМР, до недела ќе се задржи променливо облачно и студено време со умерен северен ветер. Температурите и понатаму ќе бидат значително под просекот за овој период од годината.

Утринските температури ќе бидат особено ниски и на некои места ќе се спуштаат под -10 степени, најниски ќе бидат за време на викендот. Постепен пораст на температурите ќе почне од понеделник.

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе